Економската соработка помеѓу Македонија и Кина има неограничен потенцијал
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев оствари средба со aмбасадорката на Народна Република Кина, Јин Ликсиан. Сооговорниците разговараа за економската соработка помеѓу двете земји, констатирано е добро ниво и потенцијал за понатамошно интензивирање на соработката.
„Народна Република Кина е земја со најголем номинален бруто домашен производ во светот, една од најголемите и најбрзо растечките економии и потенцијалот за меѓусебна соработка е огромен. Радува податокот дека извозот од Република Македонија кон Кина е речиси двојно зголемен изминатава година, со што е намален трговскиот дефицит, но тој сеуште е висок. Како мала економија ќе продолжиме да наоѓаме решенија, производите и услугите на македонските компани да се пласираат на кинескиот пазар, кој е со неограничен потенцијал за соработка“, истакна вицепремиерот Анѓушев.
Тема на разговор беа и двете делници на автопатишта кои ги изведува кинеската компанија Синохидро и се финансирани со заемот од кинеската Ексим банка.
„Инфраструктурните проекти се од особена важност за унапредување на конкурентноста на македонските компании и Владата ќе се посвети на реализација на вакви проекти. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на автопатите Миладиновци-Штип и на Кичево-Охрид, се надминаа проблемите и изнајдовме компромисно решение коешто ќе овозможи продолжување и комплетирање на започнатите работи. Делниците се важни за компаниите во источниот и западниот дел на Македонија заради поквалитетен, побрз и побезбеден транспорт на луѓе и стоки. Компаниите ќе бидат поконкурентни, со што ќе се придонесе до локален и регионален економски развој, но и раст на економијата на државата“, потенцираше вицепремиерот.
Ново на Сител
-
Во Битола пронајдени 1408 пушки од балканските војни
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 631 заразени
-
Бостон прв финалист во НБА плејофот
-
Денеска ќе се одржи Конститутивна седница на парламентарниот состав 2024-2028
-
135 сообраќајни санкции во Скопје
-
Повеќе од 20 лица загинаа во големите бури во САД – 300 илјади луѓе останаа без струја
-
Министрите за одбрана на ЕУ ќе разговараат за помошта за Украина и одбранбената индустрија