Еколошка катастрофа во Перу: По ерупцијата во Тонга силно излевање на нафта
Властите во Перу соопштија дека излевањето нафта кај брегот на земјата предизвикало „еколошка катастрофа“. Од рафинеријата Ла Пампила протекоа повеќе од 6.000 барели нафта поради брановите кои ја погодија по ерупцијата на вулканот во Тонга.
Властите ги затворија трите најпогодени плажи каде има многу мртви животни покриени со нафта.
Претставници на Министерството за надворешни работи го повикаа операторот Репсол да плати отштета.
„Ова е најлошата еколошка катастрофа што се случи околу Лима во последно време и која сериозно оштети стотици семејства на рибари. Репсол мора веднаш да ја надомести штетата“, објави Министерството на Твитер.
Портпаролката на компанијата Тина Ван Ден Вол Бејк ја негираше одговорноста, велејќи дека излевањето се случило во ограничена област.
„Ние не ја предизвикавме оваа еколошка катастрофа и не можеме да кажеме кој е одговорен“, рече Ван Ден Вол Бејк.
Но, премиерката Мирта Васкез подоцна изјави дека компанијата „очигледно“ немала план како да се справи со истекувањето на нафтата во случај на непредвидена ситуација.
Обвинителите започнаа истрага за улогата на Репсол во инцидентот, а Министерството за животна средина предупреди дека компанијата може да плати казна од повеќе од 34,5 милиони долари.
Официјални лица велат дека истекувањето оштетило околу 18.000 квадратни километри заштитени подрачја населени со ретки растителни и животински видови. Се чистат околу три километри плажи.
Ново на Сител
-
ОН: Во Газа влегува само половина од потребната помош, стотици илјади луѓе гладуваат
-
УЈП: Загрижувачка состојба во исполнување на ДДВ обврските
-
Со запален факел од хартија и текстил запалил греди на натстрешница - Истрага за пожар во Струмица
-
Ангелов: Во тек е административна селекција на пријавените кандидати за пожарникари
-
До 15 септември сите службени возила ќе имаат таблици во боја
-
Поради расправија за паркинг место, 41-годишник физички се пресметал со 83-годишен дедо
-
Приведен 70-годишен штипјанец, допирал по телото малолетничка
-
Граѓаните кои поседуваат легално оружје од сега ќе можат да набавуваат муниција директно во овластените правни субјекти