Македонија
14. August 2022 - 16:35

Еко-продукција за поголема грижа за природата

Битола како член на мрежата на креативни градови на УНЕСКО, градот на браќата Манаки и град каде често се снимаат филмови и серии е можност да се промовира идејата за еко-продукцијата. Oдржливоста е тема на која се инстистира во последниот период, вклучително и во филмската продукција.

-Кога ќе се заврши со снимањето, самата продукција да води грижа што остава зад себе, истакна Кирил Ѓоев, претседател на Балкан синема ситис.

Во процесот на создавање филмови, не смее да се заборави грижата за објектите и животната средина.

-Да пробаме да се грижиме што се користи за снимањето, каква светлина, дали користиме пластика на сетот, транспортирањето на луѓето во возилата, повеќе луѓе во едно возило и тоа да не биде на дизел, вели Ѓозев.

На оваа тема се зборуваше на првиот форум за локални практики во филмската дејност кој се одсржа во битола и кој претставува можност за воведување на иновативни практики, решенија и идеи, во напредокот на филмската дејност на локално ниво.

Од локалната самоуправа велат дека филмската индустрија е од огромно значење за развојот на туризмот, културната промоција и финансискиот бенефит за речиси сите други сектори кои функционираат во градот.