Еко-патрола на ЈП „Комунална хигиена“ во општините Чаир и Кисела Вода
Повеќе превентивно-информативни разговори со сопственици на трговски објекти на булевар „Никола Карев“, познат како Пластичарска улица, денеска спроведен еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, при што дуќанџиите биле информирани како правилно да го исфрлаат својот отпад, со цел да се спречи создавањето диви депонии и да се заштити животната околина.
Од ЈП „Комунална хигиена“- Скопје информираат дека се засилени дежурствата на повеќе локации во овој реон, што се маркирани како црни точки со најчеста појава на несовесно одлагање на отпадот од страна на граѓаните.
– Во три смени се спроведуваат дежурства кај Теќето на Пластичарската улица, во близина на т.ц. Чаирчанка, на улиците Џон Кенеди и Втора македонска бригада, се вели во соопштението од ЈП „Комунална хигиена“.
Еко-патролата деновиве реализира и дежурства во скопската општина Кисела Вода, во координација со општинските комунални редари.
Активностите се одвиваат на најпроблематичните локации на улиците „Христо Татарчев“ и „Димо Хаџи Димов“, каде, како што информираат, е забележано континуирано создавање диви депонии како резултат на неправилно исфрлање на отпадот и прекршување на Законот за јавна чистота.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
-

Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
-

Власта се уште без одговор од опозицијата за Изборниот законик
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
