Еко-патрола го едуцира еснафот на Старата скопска чаршија за правилно постапување со отпадот
Еко-патрола на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на изминатата недела спроведе едукативни активности за правилно постапување со отпадот со сопствениците на дуќаните и угостителските објекти во Старата скопска чаршија и на Пластичарската улица.
Дуќанџиите, информираат од Јавното претпријатие, беа информирани за Законот за јавна чистота и едуцирани како правилно да го исфрлаат својот отпад, додека угостителите за правилното третирање на отпадот од храна, со цел да се избегне создавањето на исцедоци и ширењето заразни болести.
-Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје секојдневно се соочуваат со неправилно одлагање на отпадот од пакувања и остатоци од храна, како и непочитување на наведените термини за одлагање на отпадот во Старата скопска чаршија и на т.н. Пластичарска улица, односно булеварот „Никола Карев“, потенцираат од Јавното претпријатие.
Ново на Сител
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР