Македонија
29. јуни 2019 - 15:24

Еко-акција за чистење на „Китино кале“ во Кичево

Во Кичево денеска се спроведе еко-акција во организација на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), во парк шумата во центарот на градот „Китино кале“.
 
– Со денешната еко-акција, што беше во организација на ЛК СДММ Кичево, му го вративме сјајот на калето. Го исчистивме делот околу спомен костурницата и просторот каде што се организираат културни настани. Со оваа акција сакаме да ја подигнеме еколошката свест и општествената одговорност кај населението, рече Виктор Алексоски, преседател на локалниот клуб на СДММ во Кичево.
 
Инаку, на денешната еко-акција, покрај младите од СДСМ, се приклучија и други граѓани и љубители на природата.