Еко акција на Вардарски рид во Гевгелија
Македонско холандското невладино здружение за создавање промени, во соработка со гевгелискиот музеј и јавното комунално претпријатие, организираше еколошка акција и забава на Вардарски рид која беше подржана од стотина млади гевгеличани.
-Ме радува фактот што се приклучија многу млади кои ја сакаат средината во која живеат и растат. Сите тие дадоа придонес во поправката и обновувањето на оштетените клупи, кантите за отпадоци и во собирањето на расфрлениот отпад,изјави Марина Томова од здружението што ја организираше акцијата.
Од општина Гевгелија потврдија дека по неодамна објавената информација во МИА за состојбата на Вардарски рид,веќе се преземени активности за санација на информативните табли и летниковците.
-Ваквите акции се за поздравување бидејќи со поттикнување и надградување на граѓанската свест може да се сочува она што е направено со општински средства или грантови од ЕУ,рече градоначалникот Сашо Поцков.
Најави дека општината настојува на Вардарски рид да постави видео надзор и дневна заштита со чуварска служба како превентивни мерки против оние кои кон општественото благо се однесуваат како кон нешто туѓо.
Ново на Сител
-

Трамп објави десетици декласифицирани документи за НЛО
-

Ирански медиуми објавија за спорадични борби во Ормуска Теснина
-

Гаши-Варнс: Поддршка за реформите и стратешкото партнерство со САД
-

Рубио: Во наредните часови очекувам Иран да презентира сериозен предлог
-

Делегација на Собранието учествува на 20. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Медитеранот
-

МОН: Демографските промени бараат оптимизација на училишната мрежа и мобилност на наставниот кадар за поквалитетно образование
-

Божиновска: Ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за горивата
-

Мицкоски го покани Радев да ја посети земјава

