Еко акции за разубавување на Дојран пред туристичката сезона
Викендот жителите на Дојран го минаа во реализација на две еколошки акции за разубавување на градот во пресрет на годинашнава туристичка сезона.
Првата акција во која учествуваа деца од градинката „Кокиче“ и од основното училиште „Кочо Рацин“ се одржа на плоштадот под јаворите во центарот на Стар Дојран, со цел децата уште од најмала возраст да научат дека треба да живеат во склад со природата.
– Не вреди да се бараат материјалните богатства во животот додека не се откријат оние од природата. Убавината, топлината и восхитувањето кон животната средина треба да ни биде врвен приоритет за да ги научиме децата да ја сакаат и чуваат средината во која живеат, рече градоначалникот Анго Ангов.
Втората еко акција во Дојран се одржа вчера во организација на група граѓани кои темелно го исчистија просторот околу хотелот „Романтик“ и старата автобуска станица.
Градоначалникот најави дека вакви акции ќе се спроведат и по населените места во општината.
Ново на Сител
-
30 години дипломатски односи со САД
-
АВМУ не додели платена реклама за Левица и ЗНАМ, Апасиев со претставка до Уставен
-
ДИК го затвори избирачкиот список – 1 832 415 избирачи имаат право на глас
-
Доставени уште 5 досиеја на кардиолошки пациенти да се испитаат дали интервенциите биле направени без потреба
-
Регионална школа за срцева слабост
-
Околу 170 бубрежно болни чекаат трансплантација
-
Муцунски: Вештачката интелигенција да се користи за зацврстување на мирот и стабилноста
-
Левица поднесува иницијатива пред Уставен и кривични за членовите на АМВУ и ДИК