Екипите на ЈП „Македонија пат“ интервенираат на патиштата во источна Македонија

Низ источна Македонија по регионалните и магистрални патишта се вози по влажни коловози. Поради снежните врнежи на одредени делови, односно во Берово, граничен премин Делчево, Конче и на регионалниот пат Штип-Неготино, кој поминува низ планината „Серта“ екипите на ЈП „Македонија пат“ интервенираа, со цел сообраќајот да се одвива непречено и безбедно.
Раководителот на регионалната подружница на ЈП „Македонија пат“-Штип, Кире Коцев вели дека возачите мора да ја имаат задолжителната зимска опрема или да имаат зимски гуми, а не како што е денешниот случај кога одредени возачи тргнале на пат без да ги почитуваат задолжителните правила за одвивање на сообраќајот во зимски услови.
- Има луѓе на патот 107, односно Штип-Неготино кои не сакаат да се спуштат, бидејќи на патот има влажен и кашест снег. Иако е фрлена сол, тие бараат сув асфалт. Од тие причини апелирам до учесниците во сообраќајот да носат зимска опрема, вели Коцев.
Тој истакна дека имаат добиено 1.060 тони сол, а се очекува да пристигнат уште 600 тони сол, располагаат со 1.100 м/3 ризла, а останатите 800 м/3 ќе бидат донесени во текот на наредниот период. Но, и оваа година патиштата на истокот, вели, ќе се чистат од снежните навеви со старата механизација и со користење на возила од трети лица, односно приватни фирми.
- Оваа година имаме добиено две мали теретни возила, што во овој момент малку од малку ги задоволува потребите на секциите, пунктовите во Кочани и Штип. Јас се надевам дека во наредниот период ќе добиеме уште некое возило. Но, сега засега од камиони и градежна механизација немаме ново, рече Коцев.
Тој забележа дека имаат булдожери кои се стари над 40 години, а канионите околу 23 години.
- Не можеме да се пофалиме со нова механизација, старата ја чуваме колку што можеме, иако ја одржуваме и со неа интервенираме. Во моментов на секој пункт имаме едно возило наше и соодветна механизација и возила од трети лица. Значи дополнително ќе бидеме зајакнати со 15 возила од трети лица, рече Коцев.
Ново на Сител
-

Гром предизвика огнена драма над Штип, за среќа пожарот е изгаснат
-

Ѓорѓиевски: Утврден е сериозен недостаток на пожарникари во целата држава
-

Законите што ќе овозможат изградба на дата центри без дебата го поминаа првиот собраниски филтер
-

Алиу – Новиот клинички центар во близина на ГОБ 8-ми Септември најповолно решение
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
