Македонија
22. November 2023 - 15:50

Екипа на кумановската противпожарна единица учествува во гасењето на пожарот во фабриката во Tетовско

Екипа на кумановската противпожарна единица учествува во гасењето на пожарот во Tетовско, соопштија денеска од територијалната противпожарна единица.

- На барање на колегите на тетовската противпожарна единица и на Центарот за управување со кризи испративме екипа од кумановската противпожарна единица да помогне во гасењето на пожарот во фабрика, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

На терен е едно противпожарно возило и петмина пожарникари.

Пожарот во фабриката за бои и лакови во тетовското Фалише избувнал утринава околу 10:30 часот. Покрај тетовските, во гаснењето на пожарот учествувале и пожарникари од Куманово, Скопје, Гостивар и Велес.