ЕК во септември ќе решава за укинување на визите за турските граѓани
Европската комисија во септември ќе донесе одлука дали Турција ги исполнила сите поставени услови за укинување на визниот режим со ЕУ, изјави денеска потпаролката на Еврокомисјата, Мина Андреева.
Како што јави ТАСС, Андреева посочи дека засега Анкара неисполнила уште пет од поставените 72 услови за укинување на визите за патување на турските државјани во земјите членки на ЕУ.
- Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер јасно стави до знаење дека ЕУ не може да ги промени условите и дека Турција треба да ги исполни сите услови, потенцира Андреева.
Со договорот за запирање на мигрантскиот прилив од Турција кон ЕУ, се предвидуваше укинување на визниот режим за турските граѓани од 1 јули годинава. Но, бидејќи Турција не ги исполни сите поставени 72 услови, Брисел реши да го одложи укинувањето на визниот режим.
Во меѓувреме германскиот вицеканцелар и министер за економија Зигмар Габриел оцени дека ЕУ и Германија не смеат да подлегнат на уцените на Турција во текот на преговорите за визната либарализација.
- Од Турција ќе зависи дали ќе има или ќе нема визна либерализација. Германија и Европа под никакви услови нема да дозволат да бидат уценувани, изјави Габриел.
Ваквите реакции од Брисел и Берлин доаѓаат по изјавата на турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, дадена викендов, дека ако ЕУ не го исполни своето ветување за укинување на визите, Анкара би можела да се откаже од спроведувањето на договорот за запирање на мигрантскиот прилив кон Европа.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација