ЕК во преговори со шеста фармацевтска компанија за вакцина против Ковид-19
Европската Комисија соопшти денеска дека портфолиото за вакцини е комплетирано по заклучувањето на преговори со фирмата БиоНТех-Фајзер, јави дописничката на МИА од Брисел.
Договорот со оваа компанија доаѓа по пет други со следните фармацевтски компании: Санофи-ГСК, Џонсон и Џонсон, КјурВак, Модерна и АстраЗенека.
За Европската Комисија склучувањето договори со повеќе компании овозможува разновидност и конкурентност во трката по вакцина против коронавирусот.
-Можниот договор со БиоНТех-Фајзер би им овозможил на сите ЕУ земји членки да ја купат вакцината како и да се донира на земји со низок или среден приход или да се пренасочи кон европски земји, соопшти Европската Комисија.
Начелно се предвидени 200 милиони дози за сите земји членки на ЕУ, со опција за дополнителни сто милиони дози откако ќе се утврди дека вакцината е ефикасна и безбедна.
-Среќна сум што можам да соопштам дека ги завршивме преговорите со БиоНТех-Фајзер за начелен откуп на 200 милиони дози за идната вакцина против коронавирусот. Ова е шестата фармацевтска компанија со која завршивме преговори или потпишавме договор за потенцијална вакцина во рекордно време. Нашите шанси за развој и дистрибуција на безбедна и ефикасна вакцина никогаш не биле поголеми, како за Европејците дома, така и за остатокот од светот, изјави претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.
Европската стратегија за вакцини е усвоена во јуни годинава и има за цел да им обезбеди на европските граѓани достапна и безбедна вакцина во најкус можен рок штом таа биде готова, најверојатно во наредните 12 до 18 месеци.
Ново на Сител
-

Од утре дожд и невреме, од вторник пристигнува и заладување
-

Сообраќајната полиција доби 33 нови „Piaggio Beverly 310“ вредни над 270.000 евра
-

Ѓорѓиевски: Ново поглавје во јавната хигиена - специјализираните возила на ЈП „Комунална хигиена“ излегуваат на терен | ВИДЕО
-

Од бостан, пиперки и лозје заработивме 350.000 евра, продававме и во Горни Милановац – сведочеше мајката на судијата Ѓоко Ристов
-

Мајка на три сина сакала девојче, останала бремена со тројка – сите три бебиња се од машки пол
-

Муцунски во Софија за Коридорот 8 и нова шанса за деблокада на европскиот пат
-

43 години копале со раце: Извадиле речиси три тони дијаманти, а зад себе оставиле кратер длабок над 200 метри
-

МВР го пронајде и казни возачот кој блокираше сообраќај во центарот на Скопје
