Балкан
21. April 2016 - 17:23

ЕК: Турција исполни помалку од половина услови за укинување на визите

Турција исполни помалку од половина услови за укинување на визите за нејзините државјани, изјави денеска директорката на оделението на Европската комисија за миграција и внатрешни работи Марта Сиган. 

Таа во расправата во Европскиот парламент нагласи дека Анкара засега задоволува во целост или речиси во целост 35 од 72 дадени услови, пренесува Танјуг.

-Турските власти несомнено ја забрзаа примената на административните и правните реформи што им овозможува исполнување на барањата, објасни Сиган пред европските пратеници. 

За време на дебатата можеше да се слушне дека пратениците сметаат дека на Турција треба да и се даде визна либерализација само ако во целост ги задоволи сите критериуми.