Балкан
4. April 2016 - 16:56

ЕК: Турција ги исполни правните обврски за прием на вратените бегалци од Грција

Европската комисија денеска соопшти дека Турција ги исполнила правните обврски за прием на бегалците испртатени од Грција, пренесува БТА.

Денеска од Грција беа депортирани 202 мигранти во Турција во рамките на договорот меѓу Анкара и Европската унија за запирање на мигрантскиот бран.

Планот со цел да биде затворена маршрутата на мигрантите преку Егејско Море предизвика загриженост на организациите за заштита на човековите права и некои европски политичари за законитоста на планот.