ЕК: Ревидираниот француски предлог овозможува почеток на преговорите со ЕУ
– Европската Комисија го поздрави ревидираниот француски предлог за преговарачката рамка за Северна Македонија и смета дека овозможува почеток на преговорите со ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
-Го поздравуваме развојот на ситуацијата во однос на Бугарија и Северна Македонија, после француските предлози и благодарение на работата на француското претседателство кое ја заврши својата мисија минатата недела, направивме голем напредок по ова прашање, изјави Дана Спинант, портпаролка на Европската Комисија на денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел.
ЕК, додаде, е информирана за протестите против предлогот, кои се одржаа овој викенд во Скопје, како и за ставот на опозицијата која смета дека предлогот не е доволно добар.
-Од блиску ги следиме настаните во Северна Македонија, сега е време за одговорни одлуки кои ќе овозможат да се оди напред во процесот. За нас сега е време да се напредува со преговарачкиот процес, ревидираниот француски предлог токму тоа го овозможува, изјави портпаролката Ана Писонеро.
Таа додаде дека Комисијата ги „повикува сите политички партии да делуваат конструктивно во име на интересите на граѓаните кои долго време чекаат за ЕУ патот“.
-Предлогот на француското претседателство ги зема предвид интересите и преокупациите на сите, рече Писонеро.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен