ЕК работи исплатата на предфинасирањето за Македонија да се случи што е можно поскоро
Се работи на тоа исплатата на средствата од предфинасирањето за Северна Македонија во рамки на Планот за раст за Западниот Балкан да се случи што е можно поскоро, изјави за МИА портпарол на Европската комисија.
- Службите на Комисијата го добија барањето за предфинансирање поднесено од Северна Македонија и сега ги финализираат процедуралните чекори, кои треба да овозможат ослободувањето на предфинансирањето да се случи што е можно поскоро во 2025 година, изјави портпаролот.
Тој потсети дека Реформската агенда, која опфаќа реформи во областа на основните права и социо-економски реформи, земјава ги поднесе лани во јули, по што Еврокомисијата оцени и заклучи дека таа е во согласност со целите и барањата на Инструментот за реформи и раст за Западниот Балкан.
- Реформската агенда беше одобрена на 23 октомври 2024 година со Одлука за спроведување на Комисијата, по позитивно мислење од земјите членки (во Комитетот ИПА III). За да започнат реформите, земјите може да побараат до седум отсто средства во форма на предфинансирање. Тоа го побараа сите пет корисници со одобрени реформски агенди. Ова ја вклучува и Северна Македонија, истакна портпаролот.
Тој додаде дека Планот за раст на Западниот Балкан нуди патоказ за приближување на економиите на земјите од регионот до Европската унија.
- Поконкретно, тоа се шест милијарди евра инвестиции, а принципот е и инвестиции и реформи, што обезбедува постепен пристап до единствениот пазар, овозможувајќи им на граѓаните од Западниот Балкан да пред време да почувствуваат некои придобивки од интеграцијата во ЕУ, изјави портпарол на Европската комисија за МИА.
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани на 13 ноември минатата година го потпиша барањето до Европската комисија за предфинансирање во износ од 52,5 милиони евра, со што Северна Македонија стана првата земја од Западниот Балкан која ги презеде сите неопходни чекори за исплатата на првите средства од Инструментот за реформи и раст.
Идејата на Планот за раст на Европската комисија е со исплата на средствата во износ од шест милијарди евра, во форма на грантови и заеми под поволни услови, до 2027 година, да се овозможи двојно зголемување на економскиот раст на регионот во наредните десет години.
Ново на Сител
-
Бездомник од Калифорнија освои милион долари на лотарија
-
ОЈО Прилеп: Прибраната документација за прилепската болница ќе се анализира
-
Приведен 38-годишник од Битола, при претрес во неговиот дом пронајдена е дрога
-
Пред натпреварот меѓу Астон Вила и ПСЖ по грешка интонирана химната на Лига Европа
-
Мурињо откри кој бил најемотивниот момент во неговата кариера
-
Мбапе доби само еден натпревар суспензија за црвениот картон против Алавес
-
Реал Мадрид ќе ги насочи своите напори кон привлекување на Ерлинг Халанд
-
Тејтум: Доаѓањето на НБА во Европа треба да и помогнеме на кошарката, а не да ја загрози Евролигата