ЕК: Полска има рок од два месеца да го реши проблемот со правната држава
Европската комисија изрази жалење дека проблемот со почитувањето на правната држава во Полска останува нерешен и и даде на Варшава рок од два месеца да одговори на нови препораки за спорната рефрорма на полскиот Уставен суд.
– Бидејќи за претходните препораки немаше акција, сметаме дека во Полска има траен проблем со правната држава, изјави на прес конференција Франс Тимерманс, заменик претседател на ЕК.
– Одлучивме да упатиме нови препораки кон Владата и да им дадеме два месеца за одговор, нагласи Тимерманс.
Според него, тоа е краен рок за евентуална казнена процедура против Варшава. Заменикот претседател на ЕК рече дека ЕУ нема да се откаже од тоа прашање додека полската Влада не го реши проблемот со независноста на судскиот систем и други прашања кои се сметаат за отстапки од основните човекови права.
Ново на Сител
-
Арсовска нема да се кандидира за нов мандат на претстојните локални избори
-
Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава
-
До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд
-
СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот
-
Средба Сиљановска-Филипче во Вила Водно
-
Србин постави чадори за своите сограѓани, како гест на љубезност | ВИДЕО
-
Стареењето некогаш се случува забрзано
-
Јужнокореец условно осуден на затвор, намерно се здебелил за да избегне служење војска