ЕК планира да воведе визи за државјаните на САД и Канада

Европската комисија (ЕК) на 12 април ќе одлучи дали ќе воведе визи за американските и канадските државјани за влез во државите членки на ЕУ, што може да ги крене тензиите во момент кога Брисел и Вашингтон преговараат за трговски пакт, наведуваат британските медиуми.
ЕК го разгледува прашањето за воведување визи за земјите кои за влез на своите територии бараат визи од граѓаните на една или повеќе држави членки на ЕУ, пренесува Танјуг.
И Вашингтон и Отава бараат визи од Романците и Бугарите, чии држави се приклучија кон ЕУ уште во 2007 година, а САД од безвизната шема ги исклучи Хрватите, Кипраните и Полјаците.
- Очигледно е потребна политичка дебата и одлука кога станува збор за вакво важно прашање. Но, постои реална опасност ЕУ да воведе визи за Американците и Канаѓаните, рече неименуван извор од ЕУ.
Се поставува, меѓутоа, прашањето дали таквиот чекор би бил практичен, со оглед на фактот дека тоа сериозно би ја поткопало туристичката индустрија на ЕУ, напоменуваат британските медиуми.
ЕК за визите за Американците и Канаѓаните ќе расправа во вторник, на 12 април, малку повеќе од една недела пред американскиот претседател Барак Обама да допатува во посета на Европа, каде, меѓу другото, ќе разговара и за трговските прашања.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
