-->
-->
ЕК одобри нови 17 милиони евра помош за Македонија и Србија
-->
Колеџот на комесари на Европската комисија денеска усвои нов пакет за помош на земјите од процесот на проширувањето што се загрозени од напливот на бегалци и емигранти. Притоа, како што јавува дописникот на МИА од Брисел, за Македонија и Србија се определени дополнителни 17 милиони евра помош.
Откако пред почетокот на денешниот состанок, еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан порача дека Европската унија и натаму ќе им помага на Македонија и на Србија, кои според него се жртви на ситуацијата со бегалците и емигрантите, заедно со своите колеги еврокомесари, тие одлучија на двете балкански земји да им дадат дополнителни 17 милиони евра за помош во справувањето со проблемот со бегалците. Претходно, преку Инструментот за предпристапна помош (ИПА), ЕУ најави дека за Македонија ќе се релоцираат 24 милиони евра, а за Србија околу 50 милиони евра со цел справување со бегалската криза.
Како за споредба, поради тоа што се справува со речиси два милиони бегалци, за истата оваа намена, ЕК денеска одобри една милијарда евра помош за Република Турција.
- Ние и понатаму ќе им помагаме на земјите како БЈР Македонија и Србија. Бев во првата земја минатиот викенд, а во петок ќе патувам во Србија, за заедно со премиерот да ги посетам бегалските кампови и да добијам личен впечаток за ситуацијата. Но и тука Европската унија е подготвена да помогне со цел да се справивме со овие предизвици, бидејќи, што е важно да се напомене, ова не е проблем на земјите од Западен Балкан. Тие, исто така се жртви на ситуацијата и затоа ние мораме да им помогнеме, истакна комесарот Хан.
Во однос на “жешките точки” предвидени за прием и регистрација на бегалците, Хан рече дека ќе се постават во Грција и Италија, но и не и кај земјите од Западен Балкан кои, како што потврди - се жртви на бегалската криза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Софија денеска ќе одговори дали ќе се одржи средба меѓу претставниците на самитот во НАТО во Хаг
-
До Собранието сè уште не е пристигнат предлогот за Азир Алиу да биде нов министер за здравство
-
Министерот Муцунски на одбележувањето на 30 год. на Дејтонскиот договор
-
Внимателно во Охрид, крадци од цела Македонија оперираат
-
Судството да се тргне од канџите на политиката
-
Преглед на вестите од светот
-
Aзир Алиу предлог на „ВРЕДИ“ за нов министер за здравство
-
Aзир Алиу предлог на „ВРЕДИ“ за нов министер за здравство