Балкан
20. October 2015 - 14:53

ЕК: Насилството никогаш не е одговор на бегалска криза

Насилството никогаш не е одговор на бегалска или друга криза, во која луѓето ги минуваат границите, изјави на прес-конференција портпаролот на Европската комисија, Мина Андреева.

- Продолжува истрагата за утврдување на фактите, посочи таа во одговор на прашање поврзано со минатонедлениот инцидент крај бугарскиот град Средец.

- Треба да се увериме дека на нашите граници нема да има насилство. Треба да го засилиме заедничкиот европски одговор во граничната безбедност, дополни портпаролката.

Андреева ја потенцира потребата од примена на билатералните договори за реадмисија на Турција со Бугарија и Грција.

Според неа, олеснувањето на визниот режим на ЕУ за турските државјани ќе се случи етапно. Неопходен е период за изградба на доверба пред визите да бидта укинати за сите турски државјани, појасни портпаролот на ЕК, Наташа Берто.