ЕК на 4 мај ќе предложи визна либерализација за Турците
Еврпската комисија денеска соопшти дека на 4 мај ќе предложи визна либерализација за турските државјани, ако Турција ги исполни неопходните услови.
На 4 мај ЕК ќе го престави својот трет извештај за либерализација на визниот режим за Турција, и доколку Анкара ги има преземено неопходните мерки, извештајот ќе биде придружен со законски предлог за префрлање на земјата на безвизната листа, се наведува во соопштението на ЕК.
Но не е прецизирано колку од 72 критериуми за визна либерализација Турција досега има реализирано, но ЕК наведува неколку сфери во кои потребно е уште работа. ЕК го посочува намалување на времето за обработка на молбите за азил, потоа пристап на сите бегалци до пазарот на трудот, заострување на условите за доделување визи на странците, како и заштита на фундаменталните права на барателите на азил и ставање крај на дискриминација на државјаните на Кипар, земја членка на ЕУ, која Турција не ја признава.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев