Бизнис
3. May 2016 - 16:22

ЕК: Македонија во топ 5 земјите со највисок економски раст

Европската Комисија ја зголеми   прогнозата за раст на македонската економија. Во пролетниот извештај кој го објави денеска предвува  3,5% раст годинава, наспроти 3,3  во зимската проекција. Со исто темпо  економијата се очекува да порасне и наредната 2017 та година. Со ваков раст Македонија е меѓу Топ 5те земји во Европа. Единствено Ирска, Романија,  Малта и Полска ќе имаат поголем економски раст , додека Грција  ќе биде единсвената земја со негативен раст од 0,3 отсто.

Домашната потрошувачка   најверојатно ќе биде единствен извор на раст,  заедно со  приватната потрошувачка, како и придобивките од  растот на платите и трендовите на вработување, но и зголемените социјални трансфери и зголемени пензии, се наведува во Извештајот кој го објави Брисел.  Сепак, потрошувачката може да биде погодена поради забавување на растот на кредитирање на населението, како одговор на Народната банка преку финансиските мерки да го сузбие порастот на потрошувачки кредити. Политичката криза се очекува да ги одврати инвеститорите  и да ја намали  довербата на постојаните инвеститори за  поголеми  вложувања. Како ризици во објавениот извештај се наведуваат одлагањето на јавните инфраструктурни проекти  и  продолжувањето  на политичката неизвесност.  Ниските цени на нафтата и  силниот раст на извозот го  подобрија  салдото на трговскиот биланс од спориот раст на увозот , така што дефицитот  на тековната сметка остана умерен.

Од 2015 та забрзано  почна да се зголемува вработеноста и тоа годишно за  2,3% Голем дел од работните места креираа странските директни инвестиции , а нови работни места се отворија и како резултат на владините програми за вработување. Растот на вработеност ќе продолжи  во просек за 2,1% со мали подобрувања во структурата на  работните места .Според Евроспката   Комисија, невработенсоат годинава ќе падне на 24,7%, а наредната 23,5 отсто.

Јавните финансии најверојатно и натаму ќе ја поддржуваат економската  експазнија, со планираниот раст во јавните инвестиции.  Државнмиот долг, според објавениот извештај,  останува стабилен