ЕК: Косовските царини се штетни и загрижувачки

По повеќе дена чекање да се види дали Косово и земјите од регионот ќе успеат да ги надминат разликите во трговскиот спор, Европската комисија се огласи со остар речник кон Приштина, јави дописничката на МИА од Брисел.
Иако ЕК ја поздрави одлуката на косовоските власти да ги укинат заштитните мерки за увоз на овошје и на зеленчук кои доаѓаат од ЕУ, загриженост постои околу фактот дека мерките кон земјите од регионот се уште се во сила.
- Жалиме што заштитните мерки остануваат на сила за другите земји, вклучително регионалните партнери до ЦЕФТА. Ова е загрижувачки и штетно за регионалната економска соработка. Затоа, ЕК итно го повикува Косово да се однесува конструктивно за да ја реши ситуацијата без одлагање, особено со оглед на тоа дека Косово моментално претседава со ЦЕФТА, се наведува во реакцијата на ЕК.
Косово пред повеќе од една недела ги зголеми царините увозот на овошјето и зеленчукот, предизвикувајќи голема загриженост кај земјоделците од регионот.
Македонските власти во повеќе наврати се обидоа да ги разубедат Косовците, а беше одржан и состанок на ЦЕФТА (регионалниот договор за слободна трговија), без резултати.
Ново на Сител
-

Пакетот законски измени неопходни за Safe City испратени до Собранието
-

СДСМ со антикорупциски тим на партијата ќе ги открива скандалите на ВМРО- ДПМНЕ
-

Груевски и Заев се скараа преку социјалните мрежи
-

Избори на пролет или во 2028-ма?
-

Радев: Впишувањето на Бугарите во Уставот на Македонија ќе го забрза нејзиниот пат кон ЕУ
-

Раст на економијата од 3,8% во 3 квартал регистрира статистиката
-

Минимално поевтинува преносот и дистрибуцијата на струја, се чека ЕВН да ја соопшти официјалната цена
-

Светски ден на волонтерството – Пратениците на еден ден беа волонтери на Црвениот крст
