ЕК и даде на Полска рок од три месеци да го преразгледа законот за Уставниот суд

Европската комисија денеска ја повика Полска во следните три месеца да преземе мерки за заштита на надлежностите на Уставниот суд, зголемувајќи го притисокот врз евроскептичната Влада во Варшава во обид да ги задржи демократските норми на ЕУ.
Одлуката доаѓа по неколкуте месеци јалови дипломатски напори откако во октомври минатата година на изборите во Полска победи партијата Право и правда, која веднаш спроведе реформи во Уставниот суд и државните медиуми.
Ова, според Бриксел, може да ја поткопа избалансираноста на полските власти.
Под притисок од ЕУ и САД полскиот Парламент минатата недела го усвои новиот закон за Уставниот суд, но не ја зеде предвид изразената загриженост на Брисел.
- И покрај дијалогот со полските власти, што се водеше од почетокот на годината, ЕК смета дека главните проблеми кои му се закануваат на владеењето на правото во Полска не се решени, изјави заменик претседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс.
- Ги повикавме полските власти да дејствуваат за отстранување на оваа систематска закана за владеењето на правото и за три месеци да ја информираат Комисијата за преземените мерки, додаде Тимерманс.
Како што јави ДПА, ова е последниот чекор во досега незабележената процедура на Европската комисија во истрагата за тоа дали Полска ги прекршува основните вредности на ЕУ со реформата на својот Уставен суд. Последната мерка во оваа процедура е одземање на правото на гласање на Полска во ЕУ.
Ново на Сител
-

Наум Додевски го извлече светиот крст од Крива Река, во Крива Паланка одржана и „Пивтијада 2026"
-

Во Штип на две локации во реката Брегалница беше положен светиот крст
-

Група од неколку лица со тврди предмети физички нападнале малолетник и снимале со мобилен телефон
-

Приведен 26-годишен кумановец, од седум патнички моторни возила одзел повеќе предмети
-

Во Радика по светиот крст скокнаа околу 300 верници, најсреќен Милко Божиновски од Ростуше
-

Богојавление – Водици во Берово: Благој Дујовски прв до светиот крст
-

Христијан Бошевски најсреќен на Водици во Битола
-

Бојан Ѓеоргиевски најсреќен за Водици во Делчево
