Свет
17. January 2017 - 15:10

EK и АИ со различни оценки за почитување на човековите права во ЕУ

Европската комисија денеска изрази несогласување со оценките од извештајот на организацијата за правата на човекот „Амнести интернешенел“ за основните права на граѓаните во ЕУ.

-Основните права не се и никогаш не треба да бидат жртвувани во борбата на ЕУ со тероризмот, изјави портпаролот на комисијата.

„Овие права се основната цел на терористите. Одобрените мерки за безбедност во ЕУ не ги ограничуваат стандардите за заштита на основните права и тоа треба да остане така и во иднина. Основните права се во суштината на ЕУ. Сите безбедносни мерки треба да одговараат на очекувањата за неопходност, сразмерност и законска сообразност“, дополни портпаролот.

„Амнести интернешенел“ денеска го објави извештајот, според кој, пред заканите од тероризам ЕУ не избра да им дава безбедност на граѓаните за тие да ги остварат своите права, туку избра ограничување на правата за да има безбедност.

Според извештајот, многу држави од ЕУ вонредните мерки ги претвораат во вообичаени, а истовремено недостига единствено толкување на синонимот „тероризам“, заради што државите се повеќе придобиваат можности за неодобрени интеревенции во животот на луѓето-прогони, претреси, ограничување на слободите со административни наредби.