ЕК: Грција серизно престана да води сметка за обврските спрема Шенгенот
Европската комисија соопшти денеска дека Грција „сериозно ги занемарила“ своите погранични должности кон Шенген зоната, и дека другите земји-членки би можеле да ја подложат на нови погранични контроли, доколку не ги отстрани тие проблеми во рок од три месеци.
- Во нацрт извештајот се заклучува дека Грција сериозно ги занемарила своите обврски и дека таму постојат сериозни пропусти во спроедување на контрола на надворешните граници кои грчките власти мора да ги надминат, изјави за новинарите потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис, пренесува Танјуг.
Заклучокот на ЕК, за кој утрово разговараа комесарите на неделниот состанок, е клучен чекор кон продолжување на привремени погранични контроли кои некои држави членки на на Шенген зоната ги воведуваат во областите на внатрешните граници на период од најмногу две години.
Во случај грчките власти да не го направат тоа, ЕУ може да наложи другите земји од шенген зоната, привремено да ги „затворат„ своите граници спрема Грција.
Кризата со бегалците и мигрантите, во најголем број луѓе од Блискиот Исток, што ескалира во 2015 година, ја доведе во ризик спогодбата за безпасошко минување на европските граници како и одржувањето на шенген зоната.
Повеќе од 850 илјади мигранти и бегалци пристигнаа во Црција во текот на изминатата година. Други 44 илјади, дојдоа на грчките острови Лезбос, Самос и Киос, во изминатите недели од 2016 година, префрлајќи се без никакви ограничувања од турската територија.
Неколку држави од ЕУ и од шенген зоната, привремено воведа погранична контрола.
Ново на Сител
-
Тешко повреден возач на електричен тротинет, удрил во отворена врата на запрено возило
-
Малолетник прободен со остар предмет на подрачјето на Бит Пазар
-
Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули
-
Приведен 52-годишен тетовец, управувал возило со 2.63 промили алкохол во крвта
-
Јаневска: Образованието и науката го добиваат потребното внимание и стануваат клучни развојни ресурси на државата
-
Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу
-
Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во близина на Солун
-
Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро | ФОТО