ЕК: Договорот меѓу ЕУ и Турција не е мртов
Договорот меѓу Европска унија и Турција не е „мртов“ поради тоа што Анкара одби да ги промени своите антитерористички закони, за кои критичарите тврдат дека се користат за прогон на дисиденти, соопшти денеска Европска комисија.
Портпаролот на Европска комисија Маргаритис Шинас изјави дека Брисел се уште работи на давање на визна либерализација на Турција, што е клучен услов Анкара да се држи до договорот за намалување на бројот на мигранти и бегалци кои доаѓаат на територијата на ЕУ.
Претходно, претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер изјави дека ЕУ нема да одобри визна либерализација за Турција доколку Анкара не го исполни својот дел од задачата.
- Оценуваме дека е важно тие критериуми да бидат исполнети. Во спротивно нема ништо од договорот меѓу ЕУ и Турција, истакна Јункер на денешниот форум организиран од германската телевизиска мрежа WDR.
Ново на Сител
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила