ЕИБ: Поддршка за малите и средни претпријатија и за заштита на животната средина
Поддршка за развој на малите и средни претпријатија и за заштита на животната средина, искажале претставниците на Европската Инвестициска Банка на денешната средба со премиерот Зоран Заев.
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата Матео Ривелини, шеф на одделот за проекти на Европската Инвестициска Банка во Словенија, Хрватска и Западен Балкан и Дубравка Негре, шеф на регионалната канцеларија за Западен Балкан на ЕИБ ги поздравиле храбрите развојни политики на премиерот Заев и на Владата што водат кон економска стабилизација на државата и напредок.
Во таа насока, разговарано е за продлабочување на соработката со Европската Инвестициска Банка, освен во инфраструктурата и во подиректно зајакнување на капацитетите на малите и средни претпријатија во Македонија, како и во делот на заштитата на животната средина, пречистителни станици за вода и станици за третман на отпад.
- Владата на Република Македонија е силно фокусирана да обезбеди здрава и чиста животна средина за граѓаните на Македонија. На државата и се потребни капитални инвестиции што можат значително да го подобрат квалитетот на живот на граѓаните. Исто така, определени сме да ги развиваме домашните мали и средни претпријатија и кон поддршка на домашните и странските инвестиции. Соработката со ЕИБ е од големо значење во реализацијата на овие програмски определби на Владата и затоа во име на граѓаните на Македонија и на Владата изразувам голема благодарност за долгогодишната помош и поддршка што ја дава ЕИБ на нашата држава и за можноста да ја интензивираме за доброто на граѓаните на Република Македонија, рече премиерот Заев.
На состанокот било нагласено дека стратешка определба на Република Македонија се ЕУ и НАТО и дека реформите што ги прави Владата со инклузивниот процес во општеството и со отворањето можности за економски развој, ги отвораат вратите на тој пат.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори