ЕХФ Куп: Македонските ракометарки поразени од Црна Гора
– Македонската женска ракометна репрезентација вечерва во салата „Борис Трајковски“ во Скопје загуби од Црна Гора со 29:21 (13:9) во првиот од двата меѓусебни дуели на стартот од ЕХФ Купот.
Македонските ракометарки беа рамноправни на теренот во воведните 20 минути по што Црногорките со четири последователни голови резултатски се одвоија на 11:7 и ја задржаа до полувремето предноста од четири голови разлика.
Црногорската репрезентација ја оправда фаворитската улога и констатно го зголемуваше водството во второто полувреме, кое го одбележа влегувањето во игра во финишот на натпреварот на 14-годишната дебитантка во македонскиот дрес Ива Младеновска.
Најефикасна во македонските редови беше Сара Ристовска со шест голови.
Реваншот е на програмата в недела во Никшиќ со почеток од 20:30 часот.
Ново на Сител
-

Починала во 2006-та, а во декември родила дете
-

Преглед на вестите од светот
-

САД и Македонија со договор за реципрочна, фер и балансирана трговија
-

Меџити: Чекорот на Беса ќе го следат и другите партии за ВРЕДИ да прерасне во еден политички субјект
-

Скопскиот градоначалник најавува стартување на повеќе проекти
-

Од почетокот на годината во струмичко радовишкиот регион откриени над 20 случаи на дрвокрадство
-

АДКОМ и РКЕ бараат поддршка од ЗЕЛС за обврзувачки тарифи за водните услуги
-

Преглед на вестите од светот
