ЕХФ ЕУРО2026: Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација

Искусното лево крило на ГРК Охрид, Гоце Ојлески, доби дополнителен повик од селекторот Кирил Лазаров и денеска ќе му се приклучи на тимот во базата во Хернинг.
Триесетишестгодишниот Ојлески беше на поширокиот список ракометари за настап на Европското првенство, а ѝ се приклучува на репрезентацијата откако во двата воведни натпревари, против Данска, во петок, се повреди Петар Атанасијевиќ, додека Иван Џонов предвреме го заврши вчерашниот дуел против Португалија.
Македонската репрезентација утре со почеток во 18 часот во Хернинг за противник ја има Романија во завршното, трето, коло во рамки на групата Б.
Избраниците на Лазаров се третопласирани во група со еден бод и за пласман во следната рунда ќе им биде потребна победа против Романија и висок пораз на Португалија од Данска.
МИА
Ново на Сител
-

Втора сесија на стратешкиот дијалог во САД
-

Кампања на ДКСК за етичко и законито лобирање
-

Охрид ќе добие нови летни сцени
-

Индустрискиот симбол на Штип што исчезна
-

Започна доасфалтирање и доуредување на улиците во индустриската зона „Металец“ кај Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
