Египет: Во железничка несреќа загинаа две лица, 16 се повредени
Најмалку две лица загинаа, а 16 се повредени откако патнички воз излета од шините северно од Каиро, соопштија египетските власти. Возот излетал од шините додека минувал низ станицата Каљубу на пат кон градот Менуф во делтата на Нил, се наведува во соопштението на државното обвинителство. Покрената е истрага за причините за несреќата.
Најмалку 20 возила на брза помош се испратени на местото на несреќата, а повредените се префрлени во блиските болници, соопштија египетските власти.
Во изминативе години, египетската влада најавуваше иницијативи за модернизација и подобрување на железницата, а во 2018 година, претседателот Абдел Фатах ал-Сиси изјави дека се потребни околу 250 милијарди египетски фунти (околу 8,13 милијарди долари) за ремонт на железничката мрежа.
Ново на Сител
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми
-
Ребаланс – па локални избори! Мицкоски најави 3 инвестиции во Штип и над 1.000 вработувања
-
Цените почнаа да растат – дел од маркетите со нови ценовници
-
Преглед на вестите од светот
-
Таравари: Ние не сме чамец за спасување
-
Прв етимолошки речник во македонскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија