Египет: Убиени осуммина џихадисти, поврзани со грабнувањето на Хрватот Томислав Салопек
Египетските безбедносни сили синоќа убија осуммина џихадисти, поврзани со грабнувањето на Хрватот, Томислав Салопек, кого групата Исламска држава соопшти дека го обезглави, пренесе ТАСС, повикувајќи се на локални медиуми.
Терористите биле ликвидирани при едночасовната престрелка во пустинскиот реон Ел Вахат, југозападно од престолнината Каиро.
Салопек (30), вработен во претставништвото на една француска градежна фирма во Египет, во јули беше грабнат во истата област. На крајот Хрватот веројатно бил префрлен кон границата со Либија, каде им бил предаден на Исламска држава.
На 12 август радикалната група соопшти дека го убила Салопек.
Според египетсата истрага, ликвидираните џихадисти биле замешани и во атентатот врз главниот египетски обвинител Хишам Баракат, кој беше убиен на 29 јуни.
Египетското Министерство за внатрешни работи, малку подоцна соопшти дека безбедносните сили по грешка убиле најмалку 12 и раниле 10 мексикански туристи и Египѓани, додека во текот на вчерашниот ден ги бркале џихадистите низ реонот на Ел Вахат.
Мексиканците патувале со четири џипа во конвој низ пустинскиот реон во западен Египет, каде војниците и полицајците ги бркале екстремистите. Тие по грешка биле земени за терористичка цел од страна на силите за безбедност, кои отвориле оган врз нив.
Туристичката група се наоѓала во забранетета зона за цивили.
Формирана е специјална комисија за истрага на трагичниот настан.
Во моментот не е познато колку точно Мексиканци се убиени и ранети.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта