Египет, Израел и САД се договорија да се отвори граничниот премин Рафа за излез на странците од Газа
Египет, Израел и САД денеска се договорија да им дозволат на странците кои живеат во Газа да минат преку граничниот премин Рафа и да влезат во Египет, изјави висок египетски функционер.
Официјалниот претставник потврди дека Израел се согласил да се воздржи од напади на области низ кои ќе минуваат странци на излез од опколената палестинска територија, а во преговорите бил вклучен и Катар и дека преговарачите добиле согласност од палестинските терористички групи Хамас и Исламски џихад, наведувајќи дека договорот не се занимава со заложниците кои ги држи Хамас, пишува „Тајмс оф Израел“.
Друг официјален претставник на египетската страна на преминот Рафа кажа дека се добиени „инструкции“ попладнево повторно да биде отворен преминот за странците кои доаѓаат од Газа.
Двајцата функционери зборуваа под услов да останат анонимни бидејќи не беа официјално овластени да ги информираат медиумите.
Претходно денеска, висок претставник на американскиот Стејт департмент објави дека САД ќе соработуваат со Египет, Израел и Катар на договор за отворање на граничниот премин Рафа, откако Израел нареди масовна евакуација на Палестинците од северниот дел на Појасот Газа.
Авион со медицински материјали наменети за итна медицинска помош во Појасот Газа слета во Ал Ариш во Египет во близина на преминот Рафа, изјави претходно денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Гебрејесус, пренесоа британските медиуми.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза