Свет
14. December 2015 - 11:33

Египет го заврши првичниот извештај за падот на рускот авион на Синајскиот Полуостров

Египет го завршил првичниот извештај за падот на рускиот авион на Синајскиот Полуостров на 31 октомври, кога загинаа сите 224 патници и членови на екипажот, соопшти египетското Министерство за воздухопловство. 

- Комисијата за техничка истрага досега не открила никаков знак за незаконско мешање или за терористички активности, посочи Министерството.

Русија тврди дека авионот е урнат од бомба, а Исламска држава ја презеде одговорноста за уривањето.