Ефикасна вечер во НБА лигата
Победи за Голден Стејт и Оклахома во ноќешните средби од НБА лигата на кои се играше ефикасно преку лимитот на обложувалниците.
Во дуелот на двата најдобри тима на западната конференција, Голден Стејт го совлада Хјустон со 124:114 и стигнаа до 31 триумф во 39 меч сезонава. Хјустон го претрпе 10 пораз во 37 средба.
Стеф Кари со 29 поени и Клеј Томпсон кој додаде 28 поени беа најдобри кај победничкиот тим.
Расел Вестбрук беше предводникот на Оклахома во победата на гости кај ЛА Клиперс од 127:117. Првата ѕвезда на гостите имаше трипл-дабл и на крајот мечот го заврши со 29 поени, 12 скока и 11 асистенции. Покрај Вестбрук, одличен кај гостите беше и Кармело Ентони со 22 поени, па Оклахома сега има 8 победи во последните 10 натпревари.
Резултати: Хјустон - Голден Стејт 114:124, ЛА Клиперс - Оклахома 117:127.
Ново на Сител
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
М-ТЕЛ стана партнер на Д-фестивал
-
КРКА ја презентираше мобилната апликација ФЛЕБИ
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд