Целиот случај на врсничко насилство ја вознемири британската јавност па е покрената и кампања за помош на семејството кое побегнало од Хомес. Засега се собрани 53.000 фунти, а парите уште пристигнуваат.
Семејниот адвокат рече дека братот и сестрата преживуваат тешко злоставување во училиште и дека се пријавиле во полиција. Девојчето инаку, веќе еднаш се обидело да се самоубие поради малтретирањето на училиште.