Едукативна работилница на ФЗОМ во Кичево
Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани денеска во Кичево ја одржаа 24-тата едукативна работилница, која е дел од предвидените 32 едукативни работилници, кои ФЗО ги реализира во текот на 2015 година, на територија на Република Македонија.
- Фондот за здравствено осигурување полага исклучително внимание на директната средба со осигурениците за градење на заедничка доверба и меѓусебна почит, бидејќи целта е иста, квалитетни здравствени услуги, задоволни пациенти, истакна Стефановски.
Констатира дека токму пензионерите се квалитетен опсерватор на здравствениот систем во целост, не само во Македонија, туку насекаде во светот и искажа благодарност до Сојузот на пензионери поради нивната посветеност и квалитетни предлози од сферата на здравството и нивната конструктивна улога во изнаоѓање на поефикасни решенија кои се од корист на пациентите.
Стефановски како значен го истакна проектот на Фондот кој овозможува хроничните пациенти со едно доаѓање кај матичен лекар да подигнат рецепти за шест месечна терапија. Посочи и дека Фондот во континуитет работи да обезбеди што повеќе лекови без доплата.
Според претседателот на Сојузот на пензионери на Македонија Драги Аргировска, овие средби имаат ефект кој е од корист на осигурениците и пациентите и затоа оваа соработка ќе продолжи и во иднина.
Ново на Сител
-
Мицкоски на работни средби во САД, во фокусот можноста за инвестиции во државата
-
Тројца турски државјани уапсени во Скопје, во себе носеле марихуана и два ножа
-
Директорот кој клечеше пред гимназија во Нови Сад денеска им држел настава на само тројца ученици
-
До крајот на денот облачно со сончеви периоди, од утре дожд и снег
-
Кешишев полнел бензин во шише во близина на партијата “Десна” утрото пред грабнувањето на Вања
-
ДСЗИ ќе бара од Таравари формирање стручна комисија за лекувањето на деветгодишното дете
-
28 годишник физички нападнал доктор во тетовската болница
-
Пожар во старечки дом во Кавадаречко, се евакуираат 30 лица