Македонија
16. December 2016 - 8:44

Едукативна акција на противпожарниот сојуз „Аеродром“

Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“ денеска пред Трговскиот центар „Бисер“ ќе организира едукативна акција за заштита од пожари за време на грејната сезона под мотото „Топол дом без пожари“.

За време на акцијата, која се одржува петти пат, на граѓаните ќе им бидат поделени летоци со едукативна содржина за опасностите од настанување пожари при користење грејни тела во домовите.

Граѓаните ќе имаат можност да контактираат со стручни лица од Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“ и да им поставуваат прашања за опасностите од пожар за кои ќе добијат совети.

Едукативната акција за заштита од пожари во наредниот период ќе се одржи и во други делови од Општина Аеродром.