Едно седумгодишно дете убиено и три повредени во напад со нож во училиште во Загреб
Крвав крај на првото полугодие во основното училичиште во населбата Пречко во Загреб. 19 годишник со нож уби еден, а повреди тројца ученици и една наставничка, по што се обидел да си пресуди. Нападот се случил утрово, околу 10 часот.
Напаѓачот откако влегол во училиштето, според полицијата , упаднал во првата најблиска училница.Таму биле првоодделенци. Ја нападнал наставничката, потоа и две деца. Им нанел повеќе убодни рани.
Едно од децата на возраст од 7 седум години им подлегнало на повредите. Во ходникот повредил уште двајца ученици, на 11 и 15 годишна возраст. Потоа напаѓачот со ножот се повредил по телото. Повредените се хоспитализирани.
Напаѓачот е уапсен во Здраветвениот дом во близина на учлилиштето.
„Се беше хаотично, полицијата беше во училиштето, насилникот трчаше од училиштето до Брзата помош, на 30-40 метри, беше облеан во крв. Децата што беа во тоа прво одделение рекоа дека влегол внатре и почнал да ги напаѓа еден по еден. Полицијата го уапси внатре'', вели сведок.
Министерот за внатрешни работи на Хрватска соопшти дека напаѓачот е државјанин на Хрватска и поранешен ученик во училиштето во кое го изврши злосторството. Полицијата го спречила да се самоубие.
Мотовот на нападот се истражува. Напаѓачот имал психички нарушувања, а пред една година се обидел да се самоубие, истакна првиот човек на хрватската полицација.
Во Загреб утре ќе биде ден на жалост.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар