Македонија
19. May 2016 - 13:53

Едно лице загина во сообраќајка кај Лева река

Четириесет и шест годишен охриѓанец го загуби животот во сообраќајна незгода што утрово се случила на регионалниот пат Битола – Охрид во близина на Лева река.

Портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова информира дека возачот Наум П. роден 1970 година починал на местото.

-  Околу 5 часот и 30 минути  пријавено е дека автомобил марка „Ауди А3“ со охридски регистарски ознаки излетало од патот. Во возилото било едно лице кај кое  е констатирана смрт, изјави Стаматова.

Полициска екипа од СВР Битола и Јавен обвинител направиле увид, а истрагата ќе ги покаже причините за незгодата.

Ново на Сител