Едно лице загина, шестмина се повредени при нагло слетување на воздухопловен балон во Холандија
Едно лице загина, а шестмина се повредени при нагло слетување на воздухопловен балон во холандската покраина Фрисланд, објавија медиумите, повикувајќи се на регионалните служби за итни случаи.
Според нив, инцидентот се случил вчера на поле во близина на селото Де Хеве околу 21 часот по локално време. Според Кралското холандско воздухопловно здружение, балонот нагло се спуштил за време на пристапот кон слетувањето поради силен налет на ветер, како резултат на што кошот почнал да отскокнува и пет лица испаднале од него. Повредените се однесени во болници.
Во времето на инцидентот на балонот имало 34 лица.
На местото на инцидентот биле испратени два хеликоптери за воздушна амбуланта, 14 амбулантни возила, мобилен медицински тим и тим за итни случаи на Црвениот крст. Околностите на несреќата ги истражува воздухопловната полиција.
МИА
Ново на Сител
-
Утре рано изутрина во Скопје авионска дезинсекција против ларви од комарци
-
На граничниот премин Табановце се чека половина час за излез од Македонија
-
Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја во Општина Желино
-
Ѓорѓиевски на средба со градоначалникот Зоран Јанковиќ: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје
-
Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
-
МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
-
Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево
-
На Табановце се чека околу 30 минути