Едно лице уапсено по убиството на Сале Мутави

Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ изјавил дека по синоќешната ликвидација во Белград уапсено е едно лице. Тој додал дека убиството на Александар Станковиќ познат како Сале Мутави, еден од водачите на навивачите на Партизан, е дело на една од најорганизираните криминални групи на Балканот.
-Учествуваа повеќе лице кои се на врвот. Полицијата во текот на ноќта приведе едно лице, а по уште неколку се уште се трага и мислам дека имаме добар правец што се однесува за расветлување на овој случај.
Во обраќањето до јавноста, Стефановиќ истакнал дека истрагата е во тек, полицијата ги анализира доказите и ги сослушува сведоците.
-Им порачувам на криминалците кои доаѓаат во Србија да се пресметаат, дека тоа никогаш нема да им биде дозволено. Нашата земја не смее да биде полигон за нивното пресметување, истакнал српскиот министер за внатрешни работи.
Стефановиќ додал и дека ќе се пресмета со сите полициски службеници кои соработуваат со криминалци.
-Државата ќе го активира целиот државен апарат за да до крајот на годината се исчисти полицијата од оние кои на било каков начин соработувале со мафијата, потенцираше првиот човек на српската полиција.
Ново на Сител
-

Старт ап центар за студентите на УГД-Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Новиот закон за ДДВ на пратки до 22 евра нема да ги удри по џеб граѓаните туку шпедитерите
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Алиу: Кај 10 пациенти без потреба направени кардиохируршки операции
-

Мицкоски уверува во стабилна коалиција, ВРЕДИ најавува зголемување на мнозинството
-

Почна собраниската расправа за буџетот 2026
-

Судиите со писмо до Мицкоски: Премината е границата на добро однесување
