-->
-->
Едно лице прободено со нож во тепачка меѓу навивачи на Севиља и Јувентус
-->
Навивачи на Севиља и на Јувентус се судрија во шпанскиот град во пресрет на вечерашниот натпревар на двете екипи во Лигата на шампионите.
Тамошните медиуми објавија дека синоќа во центарот на градот навивачи на Севиља ги нападнале нападнаа Италијанците.
Идентитет на повредениот се уште не е соопштен, но тој е во болница и е во стабилна состојба.
Ова е трет инцидент сезонава кој го предизвикуваат навивачите на Севиља пред натпревар од Лигата на шампионите и втор судир со фановите на Јувентус.
На почетокот на овој месец шпанските хулигани во нивниот град ги нападнаа и симпатизерите на Динамо Загреб.
Натпреварот од 5.коло во групата Х од ЛШ меѓу Севиља и Јувентус се игра вечерва во 20:45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд