-->
-->
Едно лице повредено при превртување на шлепер меѓу селата Фариш и Раец
-->
Едно лице било повредено при превртување на шлепер меѓу селата Фариш и Раец. Ова го потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, раководител на кавадаречката Итна медицинска помош.
- Според првични информации од лице место, товарното возило со скопски регистарски таблички од засега непознати причини се излизгало во долот. Шоферот од Велес роден 1985 година, успеал да излезе од возилото. Се здобил со лесни телесни повреди, но заради секоја сигурност, го однесовме до Општа болница Кавадарци, за подетална проверка на неговата здравствена состојба, појасни Паракеов.
На лице место биле брзата помош, полицијата и противпожарната служба. Се очекувала влечна служба за да го подигне возилото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите
-
Пожарите во Малешевијата ги десеткуваа пасиштата
-
Климатските промени ги намалија приносите на мед