Една жртва и пет повредени вчера во Скопје
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно 11 сообраќајни несреќи. Во една од нив едно лице починало. Во три незгоди со полесни телесни повреди се здобиле пет лица, а седум незгоди се со причинета материјална штета.
Едно лице почина во сообраќајна несреќа која се случила во 16 часот и 45 минути на регионалниот пат Скопје – Велес, во населеното место Гоце Делчев, во која учествувале патничко моторно возило „пежо партнер“ и автобус „Лаз“, со скопски регистарски таблички и управувани од граѓани на Скопје.
Како што информираа за МИА од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.
Санкционирани се тројца возачи кои поминале на црвено светло на семафор, 24 возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, како и 17 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.
Затекнати се и 66 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 56 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Одделението за превенција при СВР Скопје, денеска со почеток во 19:00 часот во просториите на ПСОН Гази Баба ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи.
Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Кирил и Методиј“ со учениците од второ одделение, кое се наоѓа на подрачјето на општина Центар.
Ново на Сител
-
Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски
-
Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите
-
Битиќи соопшти дека поднесува оставка од функцијата потпретседател на СДСМ
-
Претседателката на ДОМ поднесе оставка
-
Орбан честита на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска-Давкова
-
Гордана Силјановска Давкова победи на претседателските избори
-
ДИК: Од обработени 99,27 од гласовите ВМРО-ДПМНЕ ќе има 58 пратеници, ДУИ 19, СДСМ 18, Вреди 13, а Левица и ЗНАМ по 6
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за претседателските и парламентарните избори