Џет-Сет
20. January 2017 - 10:16

Една од најубавите жени во светот сподели фотографија од нејзините стрии

Пред само девет месеци пејачот Џон Леџенд и неговата сопруга Криси Тајген го добија девојчето Луна. 

Иако и по породувањето изгледа речиси совршено, Криси одлучи да признае дека не е се баш така совршено, па сакајќи да истакне дека е само една обична жена, објави фотографија на која јасно и се гледаат стриите како последица од породувањето. 

Фановите едвај дочекаа да ја искоментираат фотографијата, па една од нив напиша: „Ти благодарам што не потсети дека никој не е совршен“.