Македонија
18. јуни 2019 - 14:26

Една недела навивачите на Вардар ќе можат да се сликаат со пехарот

Навивачите и симпатизерите на Вардар кои ќе сакаат да се фотографираат со пехарот што „црвено-црните” по вторпат го освоија во Лигата на шампионите ќе ја имаат таа можност од утре па се до следната среда.

Европскиот ракометен првак организира „Отворен ден” и на сите фанови ќе им овозможи во периодот од 19 до 26 јуни да можат да се фотографираат со пехарот освоен во Келн, во периодот од 15 до 20 часот.

Пехарот ќе биде во изложен во внатрешниот дел на СЦ „Јане Сандански” кај главниот влез на големата сала.