Македонија
11. October 2023 - 12:33

Една година од почетокот на акцијата „Топол оброк“

Акцијата Топол оброк за сите на фондацијата Елеуса одбележа една година од нејзиниот почеток. За тој период биле обезбедени над 20 000 оброци за околу 50 семејства од најранливите категории. Оброците биле обезбедувани секојдневно, седум дена во неделата од страна на поединци , но и општествено одговорни компании. Од фондацијата велат дека преку акцијата заедницата ја покажала својата хумана страна, сплотеноста и грижата за најазгрозените граѓани, но истовремено и тажната општествена слика која за жал потсетува дека секојдневно има луѓе кои немаат ниту еден оброк.

Дел од големото и хумано семејство на фондацијата Елеуса се и средношколците од  угостителската струка на СОУ Димитар Влахов во Струмица кои сами ги подготвуваа оброците што беа донирани.

Акцијата Топол оброк за сите е само дел од активностите на фондацијата Елеуса која делува повеќе од една година. Покрај оброците, волонтерите од фондацијата секојдневно реализираат и голем број други хуманитарни акции преку им помагаат на најсиромашните со цел да им овозможат пристојни услови за живот.