Една година од нападот врз „Шарли ебдо“
Француското сатирично списание „Шарли ебдо“ ќе ја одбележи првата годишнина од нападот врз неговата канцеларија во Париз со специјално издание, објавено денеска.
На насловната страница на изданието, кое има 32 страници е прикажан маж со брада, кој го претставува Господ со калашников во рака и со наслов кој гласи „Една година подоцна. Напаѓачот се уште е во бегство“.
Со насловната страна се одбележува годишнината од нападите врз редакцијата, кои се случија на 7 јануари 2015 година. Тогаш двајца исламистички милитанти упаднаа во канцелариите на „Шарли ебдо“ во Париз и отворија оган кон вработените, при што убија 12 лица.
Три дена по нападите биланост на загинатите достигна 17 лица, вклучувајќи го и нападот во маркет за кошер производи и рацијата во печатница во предградие на Париз.
Во текот на оваа недела Франција планира да одржи низа настани во спомен на жртвите.
Списанието е издадено во тираж од околу еден милион примероци, со уште неколку илјади, наменети за други земји, заедно со специјалниот додаток на уредникот Лорен „Рис“ Сорисе за одбележување на годишнината, во кој тој ги осудува „фанатиците кои вршат бруталности во име на Куранот“.
Во додатокот Сорисе, кој го преживеа нападот ја поместува историјата на списанието, а потоа детално појаснува за тоа што се случило на 7 јануари 2015 година.
И додека признава дека 2015 била најлошата година во историјата на списанието, тој додава дека „Шарли ебдо“ немал финансики да опстане доколку не се случел грозоморниот настан. ац/08:34
Ново на Сител
-
Трамп даде зелено светло за UFC настан пред Белата куќа
-
Почесна артилериска стрелба утре по повод Денот на независноста
-
Мицкоски: Ја стабилизираме економијата, трговската размена во пораст
-
Две лица приведени при обид да ограбат маркет во Чаир, по едно лице се трага
-
Вучиќ тврди дека се подготвуваат за 19 септември демонстрации против Канцеларијата за Косово и Метохија
-
Кај Дебар спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија
-
Средба на министерот Муцунски со генерална директорка на Светската трговска организација
-
Приведен жител на неготинско Криволак, пријавен дека нападнал малолетник