Една година од нападот врз „Шарли ебдо“

Француското сатирично списание „Шарли ебдо“ ја одбележува првата годишнина од нападот врз неговата канцеларија во Париз со специјално издание, објавено денеска.
На насловната страница на изданието, кое има 32 страници е прикажан маж со брада, кој го претставува Господ со калашњиков во рака и со наслов кој гласи „Една година подоцна. Напаѓачот се уште е во бегство“.
Со насловната страна се одбележува годишнината од нападите врз редакцијата, кои се случија на 7 јануари 2015 година. Тогаш двајца исламистички милитанти упаднаа во канцелариите на „Шарли ебдо“ во Париз и отворија оган кон вработените, при што убија 12 лица.
Три дена по нападите биланост на загинатите достигна 17 лица, вклучувајќи го и нападот во маркет за кошер производи и рацијата во печатница во предградие на Париз.
Во текот на оваа недела Франција планира да одржи низа настани во спомен на жртвите.
Списанието е издадено во тираж од околу еден милион примероци, со уште неколку илјади, наменети за други земји, заедно со специјалниот додаток на уредникот Лорен „Рис“ Сорисе за одбележување на годишнината, во кој тој ги осудува „фанатиците кои вршат бруталности во име на Куранот“.
Во додатокот Сорисе, кој го преживеа нападот ја поместува историјата на списанието, а потоа детално појаснува за тоа што се случило на 7 јануари 2015 година.
И додека признава дека 2015 била најлошата година во историјата на списанието, тој додава дека „Шарли ебдо“ немал финансиски да опстане доколку не се случел грозоморниот настан.
Ново на Сител
-

Рокас: Задачата пред нас е јасна и работата треба да почне веднаш без одложување, сакаме да ја видиме Северна Македонија како го искористува овој момент
-

Акција на ОЈО ГОКК и МВР: Се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција
-

МВР: Шест жртви во сообраќајки во првите четири дена од ноември – апел за одговорно возење
-

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат
-

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Швајцарија, Кристоф Зомер
-

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари
-

На земјен пат кон село Бусилци во Општина Чашка пронајден мртов 58 годишен велешанец
